|
Откриен стар човечки череп |
|
Во реонот Ксучанг, во централната кинеска провинција Хенан, археолозите открија човечки череп стар над 100 000 години.
„Тоа е најголемото откритие от почетокот на минатиот век кога беа откриени остатоци од Пекиншкиот човек“, изјави директорот на кинеската управа за културно наследство Шан Цизјан, кој изрази надеж дека откритието ќе фрли нова светлина врз човечката еволуција. Освен черепот во реонот биле откриени 30 000 коски на животни и артефакти. Областа се истражува веќе две години, а археолозите ги откриле предметите пред два дена, кога се подготвувале да се откажат и да почнат со подготовките за славење на лунарната Нова година.
|