Дома Живот Хипноза - ДА или НЕ
|
|
Хипноза - ДА или НЕ |
|
Снимањето на мозокот на луѓето покажало дека хипнотичкиот третман не ја менува само нашата свест.
Кога со хипноза се поттикнуваат луѓето нешто да заборават, доаѓа до вистински промени во мозокот, што се многу мерливи, односно ефектите се вистински, а не замислени. Израелските научници, на чело со доктор Јадин Дудаи од Институтот за науки Вајцман проучувале врз кои делови од мозокот влијае хипнозата. Кај две третини од оние кои се изложиле на хипноза, причината за тоа била болка, тежина или некоја фобија. Притоа некои со сомневање гледаат на хипнозата и тврдат дека таа нема траен ефект врз свеста, но снимањето на мозокот покажало спротивно - потиснувањето на сеќавањата било вистинско. Израелските научници со анализа на снимките на мозокот на хипнотизираниот човек откриле дека активностите на потиснувањето на помнење на некој настан се случуваат во специфичен дел од предната страна на мозочната кора. Знаеме дека со хипноза можат да се активираат или блокираат некои делови од мозокот, зависно од вмрежувањето на одредени неврони. Не станува збор за оштетување на мозокот, туку за начин на кој се “собираат“ или “распуштаат“ одредени неврони, зависно од тоа дали сакаме нови сознанија или заборав. На пример, кај усвојување на нови знаења, доаѓа до нови “активни коалиции“ на одредени неврони, а кај заборавањето до нивно “распаѓање“, велат научниците.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 13°C 1014mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1013mb |  19 km/h |
| | Bitola: |  | 13°C 1014mb |  10 km/h |
| | Prilep: |  | 13°C 1014mb |  10 km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1013mb |  19 km/h |
| | Gevgelia: |  | 24°C 1008mb |  11 km/h |
|
|