|
Дома
|
|
“зелен град“ во Абу Даби |
|
Владата на Абу Даби најави проект за развој на технологија за производство на еколошки прифатлива енергија, во што ќе бидат вложени 15 милијарди долари.
Проектот вклучува и изградба на “зелен град“, што нема да произведува штетни гасови. Градот е наменет за 50 илјади жители, а во него возењето автомобил ќе биде забрането. Со фондот управува компанијата Масдар Инитиативе, што се занимава со развој и комерцијализација на технологии за производство на еколошки прифатлива енергија. “Како што расте глобалната побарувачка по енергија, а климатските промени предизвикуваат се поголема загриженост, дојде време да се погледне во иднината“, вели директорот на Масдар, Др. Султан Ал Џабер. Една од значајните ставки на проектот е основање на фабрика за производство на водород, што ќе се произведува од природен гас. Јаглерод диоксидот што при тој процес ќе се издвојува, може да се складира и трајно да се отстрани со закопување во земја, а до натамошно ослободување на овој опасен гас нема да доаѓа, бидејќи со спалување на водородот не се ослободува CO2. Ваквиот водород еден ден ќе може да се употребува и во автомобилите, а во Абу Даби би требало да послужи и за производство на електрична енергија. Овој начин на производство на водород се покажал многу поекономичен од скапата постапка на електролиза на водата. Втора значајна компонента на проектот е одржлив град, кој целата своја енергија ќе ја добива од обновливи извори на енергија, главно од соларни плочи.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 28°C 1011mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Bitola: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Prilep: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Stip: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Gevgelia: |  | 32°C 1007mb |  19 km/h |
|
|