Новите сателитски мерења покажуваат дека низ целата обала на анатартичкиот континент топењето на мразот во последните десет години се забрзало за 75%, каде во 2006 година биле измерени 192 милијарди кубни метри.
Ерик Ригнот од "Jet Propulsion Laboratory NASA" и неговата меѓународна екипа на познати истражувачи заклучиле дека топењето на мразот било концентрирано под ледената карпа на западниот дел на континентот (132 милијарди м3) односно на антартичкиот полуостров (60 милијарди м3).
На истокот на континентот, напротив, замрзнатите делови останале стабилни.
Раширено на севкупната површина на океанот, топењето од 192 милијарди метри кубни претставувало дополнително зголемување од 0,5 мм под морската височина. Причина поради зголеменото топење на мразот е термалната експанзија односно температурата на водата која е потопла од порано.
"Губењето на масата на мразот во подрачјата на 'Amundsen' и северниот полуостров се забрзале во последните неколку години", се наведува во најновото истражување на студијата објавена во магазинот "Nature Geoscience".
Истражувачите користеле мерења од сателит кои покриваат 85% од обалата на антартичкиот континент.