Ова негово заминување во пензија ќе се случи на ревијата пролет/лето во Парис. Бурниот живот на овој 75 годишен моден дизајнер ќе започне да се смирува по 45 годишна богата кариера. Најавил дека последната ревија ќе биде нешто што никој не го видео досега. Славнио креатор и понатаму ќе дизајнира облека, веројатно костими за опера и балет. "Сакав да бидам на врвот на славата, тоа и го постигнав", изјавил Валентино. |