|
Нова болест поопасна од СИДА се шири помеѓу хомосексуалците. УСА 300 е нов вид на бактерија отпорна на антибиотици. Со загрижувачка брзина се шири во Америка и Англија.
Хомосексуалците во паника, лек нема. Новиот облик на мрса, кој научниците го нарекоа УСА 300, првпат е пронајден во 2001 година. Оваа бактерија лесно се шири преку анален однос, но она што загрижува е што може да се пренесува преку кожа, особено кога се доаѓа во допир со заразените делови од телото. Откако ќе навлезе преку кожата во организмот, оваа опасна бактерија за кратко време предизвикува низа сериозни заболувања - чирови и херпеси на кожа, тешки воспаленија на белите дробови и оштетувања на срцето. Најголемиот проблем е што е отпорна на сите антибиотици, што дополнително го отежнува лекувањето на болниот. Засега не постои адекватен третман, лекарите стравуваат дека бактеријата УСА 300 би можела да се прошири и да стане закана од пошироки размери. Веќе подолго време е ноќна мора за американското здравство. Пред два месеца е објавена студија во која пишува: Од УСА 300 во 2005 година умреле околу 19.000 Американци. Смртноста од оваа бактерија ја надмина и СИДА-та од која истата година во Америка умреле 17.000 граѓани. Лекарите во Македонија се уште не се запознаени со оваа болест, која сериозно му се заканува на човештвото.
|