Првпат во јавноста во Британија е прикажан фоторобот за кој се претпоставува дека е човекот кој ја киднапира 4-годишната англичанка Медлин Мекен.
На сликата се гледа човек за кои се претпоставува дека не е Португалец, односно повеќе наликува на човек од северна Африка. „Ние веруваме дека овој човек може да биде поврзан со исчезнувањето на Медлин. Очигледно таа беше киднапирана од својот кревет во Праја де Лус вечерта на 3 мај и ние веруваме дека овој човек може да биде поврзан со пронаоѓањето Медлин“, изјави Инаку сликата на осомничениот е изработена врз основа на добиените информации од сведок, кој исто така бил на одмор во Португалија кога се случило киднапирањето. Малата Англичанка беше киднапирана на 3 мај минатата година од својот кревет во португалското одморалиште Праја де Лус, каде беше на одмор со своите родители. Португалската полиција и натаму како единствени осомничени за случајот, ги води родителите на малата Медлин. Според претставник на семејството Мекен, истрагата треба да се насочи кон Мароко каде, според нив, по киднапирањето е однесена 4-годишната Мекен.
|