Џена Буш, ќерката на американскиот претседател Џорџ Буш и нејзиниот вереник Хенри Хејгар ќе стапат во брак на 10 мај, објави списанието „Пипл“, повикувајќи се на неименувани извори.
Списанието наведува дека свадбата ќе се одржи на ранчот на семејството Буш во Крофард, Тексас. Портпаролот на правата дама на САД, Лора Буш изјави дека не може да ја потврди информацијата. Џена (26) ја објави својата веридба за Хејгар (29) во август минатата година. Тој е од познато републиканско семејство и работел на втората предизборна кампања на Буш. Џена дипломира англиски јазик на Универзитетот во Тексас во 2004 година. Околу 18 месеци беше учителка во училиште во Вашингтон, а потоа работеше за УНИЦЕФ во Јужна Америка. Минатата есен објави книга „Историјата на Ана: Авантурата на надежта“ за 17-годишна самохрана мајка, ХИВ-позитивна од Централна Америка.
|