Првиот бран на грип со високи температури и тешки компликации, особено кај хронично болните, се очекува од идната недела. Епидемиолозите велат дека досега во Македонија не бил регистриран ниту еден случај.
11 пациенти, девет од Битола, двајца од Скопје, биле пријавени со симптоми на грип, но по лабораториските испитувања кај нив не бил пронајден вирусот. „Во сезоната на грип имаме два брана. Првиот бран го очекуваме после 15 јануари, вториот бран го очекуваме после 15 февруари. Емпиријата ни кажува последниве 25 години и податоците што ги имаме на тоа поле“, изјави Жарко Караџов, Републички завод за здравствена заштита. Зголемен е бројот на респираторни болести. Во првата недела од јануари се регистрирани 9.500, а во втората 14.500 граѓани со инфекции на горните и долните дишни патишта. Оваа година РЗЗЗ за првпат ќе го применува новиот систем алерт, со кој навреме ќе се регистрираат болните од грип, со цел да се спречи епидемија. Минатата година во Македонија беа регистрирани околу 40.000 болни од грип.
|