Новозеландскиот алпинист и истражувач сер Едмонд Персивал Хилари, кој прв го освои врвот Монт Еверест, почина синоќа на 88-годишна возраст, соопшти претседателот на Владата на Нов Зеланд, Хелен Кларк.
Хилари, роден на 20 јули 1919 година близу Окленд, го освои највисокиот врв на светот (8.848 метри) на 29 мај 1953 година, како член на британската експедиција. Тој во 1958 година ја предводеше експедицијата која стигнала на Јужниот пол, а во 1977 година ја истражуваше индиската река Ганд од сливот до изворот. Заедно со астронаутот Нил Амстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, Хилари во 1985 година пристигна и на Северниот пол. Освен Монт Еверест, Хилари, меѓу 1956 и 1965 освоил уште десет хималајски врвови. Од 1985 до 1989 година ја извршуваше должноста новозеландски амбасадор во Индија. Ликот на Сер Едмонд Персивал Хилари се наоѓа и на националната новозеландска банкнота од пет долари.
|