|
Мик Корнет, градоначалник на Оклахома Сити, ги повика сите жители на градот на колективна диета. На Корнет му здодеало што неговиот град го нарекуваат “најдебел во Америка“, и мисли дека неговите сограѓани треба да бидат здрави и долговечни.
Според неговите проценки, граѓаните би требало да изгубат вкупно 450 килограми. За почеток од менито ги исфрлил пржените компири, прженото пилешко, колбасите, колачињата од лешници, како и уште некои јадења во кои уживаат жителите на Оклахома Сити. За пример на другите, градоначалникот прв ја почнал диетата и тоа успешно - од 97 килограми тој се “симнал“ на 82. Пред оваа интересна иницијатива во “војна против холестеролот и килограмите“ тргна и Филаделфија, чиј прв човек Џон Стрит уште во 2001 година го тераше цел град на диета. Во тоа време Филаделфија ја носеше титулата “најдебел град“ во Америка, а жителите на овој град уживаа во сендвичите со бифтек, збогатени со сирење и дебел слој мајонез. И градоначалникот на Филаделфија, исто како и тој на Оклахома Сити, беше пример на своите сограѓани, бидејќи тогаш ослабнал 35 килограми.
|