Јапонската електронска компанија „Матцушита Електрик Индустриал Компани“ го претстави најголемиот телевизор на светот, со плазма екран со големина од 150 инчи (3,8 метри).
Производителот тврди дека телевизорот има четири пати подобра резолуција од фотографија од 1.080 пиксели. Новиот производ го претстави Тошиширо Сакамото, претседателот на „Панасоник АВЦ Нетворк компани“ и еден од директорите во Матцушита, на саемот за електроника во Лас Вегас. Апаратот, со дијагонала од 3,8 метри, ја надмина плазмата на „Панасоник“ од 2,5 метри, што беше претставена минатата година и досега продадена во 3.000 примероци. Новиот модел на Матцушита ќе биде достапен на пазарот во 2009 година, а цената засега е непозната.
|