Пол Макартни, поранешниот член на „Битлси“, успешно ја помина „тајната“ операција на срцето, открива британскиот таблоид „Сан“.
Славниот музичар Макартни (65) бил подложен на интервенција која се прави за да се воспостави проодност на некоја артерија, пишува „Сан“, не наведувајќи кога е извршена операцијата. „Пол се жалеше дека се чувствува лошо. По неколку прегледи донесена е одлука да се оперира. Зафатот е извршен во една приватна болница, Тоа беше целосно рутинска интервенција“, изјавил за таблоидот неименуван извор. Популарниот музичар целосно закрепна од операцијата што го докажа и со настапот со австралиската пејачка Кајли Миног во една новогодишна емисија на телевизијата Би-Би-Си 2. Пол Макартни води бракоразводна постапка со својата втора сопруга Хедер Милс (39), со која има четиригодишна ќерка. Постапката, која е многу следена од жолтиот печат, трае од мај 2007 година.
|