|
Холивуд ја заклучи 2007 година со рекордна заработувачка на кино благајните од 9,62 милијарди долари.
Тоа е за 5% повеќе од претходната 2006 година и 4% повеќе од претходниот рекордер 2002 година. Домашните љубители на филмот минатата година на кино билети потрошиле просечно по 6,82 долари, четири проценти повеќе од претходната година. Половина од 10-те најуспешни филмови беа продолженија на успешните серијали како што е „Спајдермен“, „Пирати од Карибите“ и „Хари Потер“. Минатата година е соборен уште еден рекорд - сите шест најголеми филмски студија заработиле повеќе од милијарда долари. Прв на списокот е „Парамоунт“ со заработувачка од 1,49 милијарди долари, што е за 55% повеќе од 2006 година, следи „Ворнер Брос“ со 1,42 милијарди долари, 34% повеќе, потоа Дизни со 1,36 милијарди, „Сони“ со 1,24 милијарди, „Универзал“ со 1,1 милијарди и „Фокс“ со заработувачка од 1,01 милијарди долари.
|