|
Најмалку 22 лица загинаа, а на уште 32 животот им е во неизвесност, во пожарот кој зафати објект во изградба во близина на Сеул, соопштија јужнокорејските медиуми.
Околу десетина лица се префрлени во болница поради изгореници и труење од чад. Пожарот, што избувна во гратчето Ичеон, на 60 километри југоисточно од Сеул, зафати склад во изградба за смрзнати производи. Пламените јазици предизвикаа неколку силни експлозии, објавија медиумите, повикувајќи се на очевидци. Причината за пожарот се уште не е утврдена. Пожарникарите од пламенот спасиле десетмина загрозени. Густиот чад од запалените хемикалии на територијата на објектот во изградба ја отежнува работата на пожарникарите. Во борбата со пожарот се вклучени околу 440 пожарникари и стотици полицајци, јавуваат локалните медиуми.
|