Според најавите, Audi ќе ја претстави дизелската верзија од својот суперспортист на саемот во Детроит. Ќе го користи новиот V12 дизелски Common-Rail агрегат кој ќе развива околу 500 КС.
Забрзувањето до 100 km/h ќе трае пократко од тоа на бензинецот, само 4,2 секунди, додека максималната брзина длабоко ќе ја надмине границата од 300 km/h. Потрошувачката ќе биде некаде околу 10 литри на 100 km што е и најимпресивниот податок врзан за овој автомобил. Бидејќи овој мотор е многу поголем од V8 бензинскиот агрегат, ќе одземе од багажниот простор. Од Audi официјално се уште не е потврден автомобилот, што значи дека ќе мора да почекаме до 13 јануари, кога почнува салонот во Детроит.
|