|
Археолозите откриле 800-годишна ацтечка пирамида во срцето на мексиканската престолнина, која може да докаже дека древниот град е најмалку едно столетие постар отколку што се сметаше претходно.
Мексиканските археолози ги откриле руините со височина од 11 метри, во централниот дел на Тлателолко, што некогаш бил главен религиозен и политички центар на ацтечката елита. Откако пред 15 години беше откриена друга пирамида, историчарите сметаа дека Тлателолко е основан од Ацтеките во 1325 година, во истата година кога е основан Теночитлан, престолнината на империјата на Ацтеките. Шпанците го уништиле во 1521 година, за да го основаат градот Мексико, откако ги покориле Ацтеките. Пирамидата е откриена минатиот месец при ископи започнати во август. Можеби била изградена во 1100 или 1200 година, што посочува дека Ацтеките започнале да ја развиваат својата цивилизација во планините на централно Мексико порано отколку се сметаше претходно. „Ние ги откривме скалилата на таа доста постара пирамида. Историјата на Ацтеките можеби треба да биде пренапишана“, рече археологот Патрисија Ледесма. Таа додаде дека екипата археолози ќе ги продолжи своите проучувања следната година.
|