Египет има намера да го заштити своето археолошко богатство, пирамидите, сфингите и останатите споменици од времето на фараоните, со посебен закон.
Причина за ваква реакција е заработувачката на репликите од древниот град Луксор, изградени во Лас Вегас.
“Триесет и пет милиони туристи годишно го посетуваат Лас Вегас за да ја видат репродукцијата на Луксор, а само шест милиони туристи годишно го посетуваат вистинскиот Луксор во Египет“, пишуваат медиумите.
Поради тоа не чуди иницијативата на Захи Хавас, главниот секретар на египетското Државно биро за заштита на споменици, што предвидува носење на нов закон, со кој би се вовел своевиден “copyright“ на пирамидите и сфингите.
Така државата Египет би се прогласила за сопственик на авторските права над археолошкото богатство и повеќе нема да можат да се произведуваат реплики.
AP - A conservative opposition party won the most votes Lithuania's election, but strong support for populist groups set the stage for tricky coalition...