|
Вештачка ерупција, огледало на орбитата и генетски изменети дрвја се само некои од речиси десет генијални пронајдоци до кои во 2007 година дојдоа научници од целиот свет, со цел да го спречат преголемото загревање на планетата. Суштината на овие пронајдоци ја објави американскиот весник „Виерд“, наведувајќи дека некои научници сметаат дека зголемувањето на глобалната температура бара спроведување на драстични мерки, други сметаат дека решението би имало полоши последици од самите проблеми, но сите се сложуваат дека најголема опасност е задржување на статус-кво ситуација, пренесе „Танјуг“.
Весникот ги објави описот на 10-те откритија, меѓу кои под број еден е идејниот проект „земјоделие на солитерите“, следат „еколошки чисти крави“, „четки за јаглен“, „контролирани урагани“, „бродови - фабрики за облаци“. Тука се и „ефикасните дрвја“, „плодните океани“, „вештачки ерупции“, „космички огледала“, a крајниот е статус-кво. Инспирација за идејно решение на дефицитот за обработливо земјиште, со оглед дека 37% од земјината површина веќе се користи за потребите на земјоделството, се таканаречени еколошки солитери кои можат да бидат во функција 365 дена во годината. Прототипот на таков облакодер, кој го направи професор на Колумбискиот универзитет Дикс Деспомјер, се наоѓа во американскиот музеј на науката и индустријата. Во проектот „земјоделство на солитери“ се укажува на тоа дека со зголемувањето на бројот на жителите на Земјата за 40 години на 9,2 милијарди луѓе ќе биде неопходно двојно производство на храна. Во проектот „еколошки чисти крави“ се предупредува дека кравите и другите домашни животни годишно преку измет исфрлаат 80 милиони тони метан, гас со ефект на стаклена градина, кој е 20 пати позаситен од јаглендвооксидот. Британските научници пронајдоа решение за овој проблем, во лукот, кој при додавање во сточната храна ќе влијае на бактериите, ќе произведува метан и ќе придонесе за подобро варење. За сега единствена забелешка на оваа замисла е дека месото ќе поприми не така добар вкус и нема да им се допадне на потрошувачите. Што се однесува до „четките за јаглен“, професорот Клаус Лакнер, физичар на Колумбискиот универзитет, проектираше макси - четка висока 100 метри, за апсорпција на онаа количина на јаглендвооксид која се емитува во атмосферата од 15.000 автомобили. Флота на вакви апарати со големина на Аризона, би можела да ги неутрализира отровните гасови на целото жителство на земјата, само останува нејасно што понатаму да се прави со насобраниот гас. Слично е и со „контролираните урагани“, каде физичар од Еврејскиот универзитет Даниел Розенфелд смета, дека со вбризгување на прашина во темелот на ураганот може да се подобри сликата добиена од сателит и да се контролира неговото движење и сила. Но, ако се изгуби контролата, последиците можат да бидат катастрофални, посебно од правна точка на гледање. Замислени се и „бродови - фабрики на облаци“ во кои, флота на бродови со управување од далечина, можат да ги одбиваат сончевите зраци, правејќи облаци од водена пареа од океанот. Според зборовите на американскиот физичар Џон Латхем и неговиот шкотски колега Стефан Салтер, илјада вакви бродови можат да спречат пораст на температурата, чија последица е двојната количина на јаглендвооксид во атмосферата. Меѓутоа, потенцијалните последици од оваа метода, според климата, треба да се проучат. Американските научници објавија истражување, чија цел се состои во генетската измена на дрвјата, со цел да бидат „поефикасни“, односно да растат побрзо и да го намалат количеството на лигнин, хемиско соединение кое го отежнува нивното претворање во биолошко гориво. На тој начин, сметаат тие, дрвјата ќе апсорбираат повеќе јаглендвооксид преку коренот, а преостанатиот дел би се користел за биолошко гориво. Ризикот е „само“ од нарушување на еко системите на светско ниво. „Плодните океани“ се засноваат на идејата, со внесување на урина или железо во морската вода, се зголемува плодноста на планктонот, кој може да впива поголема количина јаглендвооксид. Флората што изумира се таложи на дното и со себе го носи и јаглендвооксидот, но може да дојде до киселост на водата. „Вештачка ерупција“ е концепт кој го предложи нобеловецот Паул Крутцен, сметајќи дека со распрскување на сулфур во атмосферата со помош на ракети, авиони па дури и вештачки вулкани, ќе придонесе да се блокираат сончевите зраци, како што беше во 1991 година при ерупцијата на вулканот Пинатубо на Филипините. Тој оцени, дека така може за 10 години да се намали температурата до ниво за 20 години, но ако не појде се по предвидениот тек, ќе бидат потребни многу години да се врати рамнотежата во атмосферата. Што да се каже за идејата за „космички огледала“ која предвидува соларен штит со површина од 1,5 милиони квадратни метри, составен од 16.000 милијарди огледала и лансиран во орбитата со помош на макси - топ вреден 5.000 милијарди долари. Со помош на оваа идеја астрономот од универзитетот во Аризона Роџер Енџел има намера да ја олади планетата. Ризикот е во тоа што во атмосферата може да снема апсорпција на јаглерод и повторно да се појави ефект на стаклена градина. Крајниот „статус - кво“ е дека наведените генијални проекти, можат да предизвикаат опасни последици во случај нешто да тргне наопаку. Меѓутоа рецидивите ќе бидат помалку погубни отколку последиците од целосна неактивност, укажуваат научниците. Бидејќи, според наведениот пример, од емисија на 8,4 милијарди тони јаглендвооксид секоја година и зголемување на ова соединение до рекордно ниво, истовремено е и последица на најопасниот експеримент кој човек некогаш го извел, пренесе „Танјуг“.
|