Омилениот напиток на многу писатели и уметници, чија бледозелена боја дава чувство на нешто појак жесток пијалок од стандардните, повторно се пронашол на полиците во американските продавници и барови.
Веќе ви текна, станува збор за Апсинт. По 90 годишна забрана, ова веројато не значи и навала на нови генерации уметници, туку станува збор за - огромен бизнис. Поради thujonea, која се наоѓа во пелинот, и е една од главните состојки на овој чудесен напиток, апсинт има благ халициноген ефект. Ван Гог, Ернест Хемингвеј, честопати биле под негово дејство. Од друга страна, поради него се случиле многу свирепи убиства, а и многу глави завршиле во лудница, поради што кон почетокот на 20-тиот век се појавиле главните причини за негово забранување. Компанија од Њу Јорк која произведува храна и лекови на чие чело стои Jared Gurfein, добила дозвола за производство и продажба на апсинт, но под услов да држи мали количини на thujonea, десет честички помножено со милион. Тоа е мерка која била почитувана и пред прохибицијата за која практично се смета дека е безопасна. Овој производ не смее да се рекламира под етикетата апсинт, туку мора да го носи името Lucid. Гурфеин кој поради оваа идеа вложил многу пари, денес задоволно ги трие рацете.
|