Американската актерка Мишел Родригез почна со отслужување на затворската казна во предградие на Лос Анџелес на која е осудена поради кршење на условната казна.
Родригез на условна казна била осудена поради неколку престапи - возење во алкохолизирана состојба и бегање од местото на сообраќајната несреќа.
Казната ја прекрши кога не ја исполни задачата врзана со друштвено-корисна работа и кога три пати наназад е фатена како конзумира алкохол носејќи уред за детекција на алкохол.
Судијата, кој ја осудил Родригез на 180 дена затвор, истакнал дека поради статусот на позната холивудска глумица во затворот нема да има посебни привилегии, исклучувајќи ja можностите за предвремено пуштање или домашен притвор.
Во истиот затвор во Линвуд, својата затворска казна ја отслужи и Парис Хилтон.
AP - Toyota said Thursday that its fiscal first-quarter profit plummeted 28 percent, and the automaker stuck to its forecast that full-year profit will...