Жената која не можела да прекине со купување, успеала да помине три дена во една од продавниците на Вал – Март, кои за време на божиќните празници работат 24 часа. Таа во комплексот јадела, спиеле, а од осигурувањето дури по три дена ја забележале и ја избркале надвор.
Седумдесетгодишната жена успеала да го постави овој чуден рекорд криејќи се во ноќните часови во кабините за преслекување, а дење “стопувајќи“ се со масата купувачи. Кога вработените на продавницата ја прашале што правела толку долго во трговскиот центар, таа одговорила – “па, купував!“ Божиќната треска во САД е толку силна што некои психолози предупредуваат дека може да се доживее стрес и фрустрација поради (не) купените подароци.
|