Алкохоличарите се на врвот на листата на луѓе со зголемен ризик од кардиолошки болести дури и откако ќе прекинат да пијат, поради последиците од оштетувањата што алкохолот ги остава врз нивниот нервен систем.
Кардиолошките проблеми често не исчезнуваат ниту по процесот на апстиненција. Колку е поголемо оштетувањето на нервниот систем, кое најчесто е неповратно, поголем е ризикот од манифестација на физичките симптоми, познати како алкохолен делириум, вели професорот Карл Јирген Баер од клиничкиот универзитет во Јена, Германија. Симптомите се манифестираат со висок крвен притисок и тахикардија, тресење и потење, а делириумот може да заврши со срцев удар. Скоро 25 случаи нелекуван делириум завршуваат фатално. Делириумот може да го предизвика долгогодишното консумирање на алкохолот што постепено го оштетува парасимпатичкиот нервен систем, поради што е оневозможена нормална функција на срцето, а како последица има срцева аритмија.
|