Околу шест илјади години старото дрво – баобаб, високо 22 и широко 47 метри, брачната двојка Ван Хеерден го претвори во паб каде жителите на јужноафриканскиот град Лимпоп, но и многубројни туристи доаѓаат да ја изгаснат жедта.
Двојката ван Хеерден во дрвото што го чистеле пронашле траги од Бушманите кои тука порано живееле. Тие пронашле артефакти што припаѓале на Вортрекерите, холандски пионери кои патувале по Јужноафриканската Република кон средината на 19-ти век.
“Пронајдовме остатоци од кревет направен од камења, што Бушманите го направиле најверојатно во 18-ти век и остатоци од воловска запрега и алат што докажува дека овде престојувале и Вортркрекерите“, велат сопствениците.
Во дрвото тие направиле паб каде удобно можат да се сместат 15-тина луѓе. Ѕидовите се дебели околу два метри, таванот е висок четири, а пабот има и свој подрум со вентилација за пивото да биде на ладно.
Дрвото е толку широко што се потребни 40 возрасни луѓе со раширени раце за да се префати целото.
Reuters - French President Nicolas Sarkozy
will attend the opening ceremony of the Beijing Olympics,
representing his own country and the European Union, his...