|
Побарувачка на магарињата |
|
На подрачјето Газа под контрола на Хамас, откако Израелците го намалија бројот на увезени автомобили, како и количеството на горива, цените на магарињата достигнуваат неслутени размери.
Одех Одван, продавач на магариња, открива дека “продажбата на овие животни оди подобро и од продажбата на автомобили“. Одван проценува дека цената на едно магаре во Газа од неодамна е удвоена на скоро 420 долари за едно животно. “Магарињата конечно ги дочекаа своите пет минути слава“, вели тој. Доколку поседувате автомобил, нема гориво, поради што се повеќе локални жители купуваат магариња. Како и со бизнисот со стари автомобили, во појасот Газа владее пазарот на “употребувани“ магариња.
|