|
Џесика Алба наскоро мајка |
|
Холивудската глумица Џесика Алба ја изненади јавноста со веста дека наскоро ќе стане мајка.
Портпаролот на глумицата официјално изјави дека Алба и нејзиниот дечко Кеш Ворен очекуваат бебе, кое на свет ќе дојде на крајот на пролетта или почетокот на летото. Џесика е во врска со две години постариот Ворен од 2004 година. Се запознаа на снимањето на филмот „The Fantastic four“, во кој Ворен работеше како асистент на режисерот. Глумицата е редовна на топ листите на најубави филмски ѕвезди, а нејзиното лице се смее на бројните насловни страници на списанијата низ целиот свет. Џесика и Ворен ја прекинаа врската пред неколку месеци. Наводно, Алба го оставила својот партнер преку телефон. Но, се чини дека несогласувањата се надминати, бидејќи брзо после раскинувањето беа видени заедно, а бременоста несомнено демантира постоење на какви било проблеми.
|