|
Американското списание „Us Weekly“ ги прогласи Анџелина Џоли и Бред Пит за пар на годината. На второ место на листата се најдоа Том Круз и Кејти Холмс, за чија врска многумина мислеа дека ќе биде краткотрајна.
Но, врската повеќе се зацврсти со раѓање на нивната ќерка Сури, кој има 20 месеци. Како што пишува списанието, Круз е подготвен уште еднаш да стане татко. Во текот на минатата година, актерскиот пар Џоли-Пит ги полнеше страниците на списанијата поради нивната хуманитарна работа, но и поради идиличниот семеен живот. Во март сите медиуми известуваа за проширувањето на нивното семејство, кога тие го посвоија и четиригодишниот Виетнамец Пакс. Двајцата актери имаат уште три деца - Медокс, Захара и Шајло Нувел која е нивно биолошко дете.
|