Авторот на книгата "Танцување со мечката" обложена со 600 дијаманти намерува да ја продава во Русија, бидејќи книгата се работи за тоа како се збогатил таму.
Богаташот и забавувач Роџер Шашоу, Британец кој работел во Русија, ја издал книгата "Танцување со мечката" за руските богаташи обложена со дијаманти. Секоја книга ќе се изработува по нарачка, а ќе се продава за околу 4,5 милиони евра. На неа се наоѓаат околу 600 дијаманти и се работи за најскапата книга досега. Авторот во неа ги изнесува своите искуства за стекнување на богатство во пост советска Русија. Поради тоа очекува дека за книгата ќе се заинтересираат богатите Руси.
- Толку пари циркулираат во Русија така да ми се чини сосема логично да издадам книга специјално за рускиот пазар. Многу сум среќен што впечатливите корици се поврзуваат со пишување, а не со мода. Кориците најпрво требале да бидат бели, но за да се истакнат дијамантите подобро бојата била променета во црна.
AFP - Mongolia has lifted the state of emergency imposed after deadly election riots hit the capital Ulan Bator, with the president Sunday appealing...