|
Дома
|
|
Остров во форма на – лале |
|
Холандија можеби ќе ја измени картата на Европа – буквално. Прво Дубаи изгради остров – палма, а сега светските стручњаци за градење на вештачки острови ја разгледуваат можноста да се изгради остров во форма на лале во Северното море, за да се намали пренаселеноста на земјата.
Заговорниците на идејата тврдат дека проектот ќе им овозможи на холандските компании да ја покажат својата виртуозност во изградбата на копнена површина во море, што станува се побарано во светот поради глобалното затоплување и дигањето на морското ниво, додека критичарите, пак, тврдат дека станува збор за исклучително скап проект, што би можел да наштети на деликатниот екосистем. Според едно истражување направено во октомври, Холанѓаните повеќе стравуваат од поплави отколку од терористички напади. Холандскиот парламент веќе основал комисија за разгледување на можноста да се изгради остров во Северното море. “Луѓето во Холандија живеат едни врз други. Навистина ни е потребна уште земја. Ни треба многу земја за градби“, изјавил политичарот Јооп Атсма. Веќе постојат неколку предлози за островот со должина од 50 километри, што пак, еден блогер го инспирирало да се пошегува дека лист од канабис би бил посоодветен од предложеното лале.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 28°C 1011mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Bitola: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Prilep: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Stip: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Gevgelia: |  | 32°C 1007mb |  19 km/h |
|
|