Шведските научници пронајдоа нов начин за отстранување на рак на дојките без хируршки зафат. Наместо хируршки зафат под наркоза, новиот метод го отстранува туморот така што во дојката се става игла со високофреквентно електрично топлинско зрачење.
Според шведската телевизија со новиот метод туморите се уништуваат веднаш по откривањето, a високофреквентно електрично топлинско зрачење ги уништува клетките на ракот, но не го оштетува околното здраво ткиво.
Кај пет пациентки, на кои им е направена оваа експериментална “операција“ клетките на туморот и целото заболено ткиво сосема исчезнале по само првиот зафат.
Шведските научници сметаат дека најголемата предност на новиот метод е во тоа што пациентките по дијагнозата не мораат да чекаат на операција, туку таа веднаш се прави.
Меѓутоа, пред оваа нова метода да се најде во широка примена, потребни се дополнителни истражувања и опити.
AP - A conservative opposition party won the most votes Lithuania's election, but strong support for populist groups set the stage for tricky coalition...