Малото англиско градче Ферндаун годинава комплетно се откажа од свеченото осветлување или украсување на своите улици за Божиќ и Нова Година.
Имено, стручњаците од градскиот совет предупредиле дека е преголем ризик красењето и дека носачите на осветлувањето би можеле да се срушат или превртат под товарот на божиќните и новогодишните украси. Така, еден столб, според нивната пресметка, покрај вообичаената тежина на нормалното осветлување би требало да носи уште најмалку четири килограми дополнителен празничен “накит“. Градоначалникот Лесли Дедман е бесен и тврди дека стручњаците претерале со претпазливоста. Но, и покрај тоа, градот по контролата на техничките параметри, како што е носивоста на металните столбови, останал при забраната за празничното украсување на улиците.
|