Мобилните телефони секојдневно носат нови технологии, но за две години се планира револуција во мобилната технологија. Тоа значи дека за најниска граница на резолуција за HD видео на мобилен телефон ќе се смета 1.280 x 720.
Имено, мобилните телефони не само што ќе бидат способни да вршат репродукција на HD материјали, туку ќе имаат можност и за снимање на вакви видеа, најави првиот човек на технолошкиот оддел на Nokia, Теро Ојанпера. Ојанпера напомена дека технологијата е доволно силна за кодирање на видео запис во реално време и во висока дефиниција, и дека за две години ќе се најде во практична примена. Главниот предизвик при имплементирањето на HD кај мобилните телефони претставува зголемувањето на хардверските перформанси, бидејќи HD форматот може да завзема и по 10 MB по минута, а ќе мора да се има во предвид и зголемувањето на капацитетот на батериите.
|