Дома Новости Делфините се украсуваат
|
|
Делфините се украсуваат |
|
Некои машки речни делфини се китат со речната трева како мажи кои носат цвет во реверот, објави списанието Њу Сајентист. Ваквото однесување на делфините би можел да биде редок пример на своевидна култура меѓу животните, споредлива со човечката култура, сметаат научниците.
Тони Мартин од Бритиш Антарктик Сурвеј и Вера да Силва од бразилскиот институт за истражување на Амазонија три години ги набљудувале повеќе од шест илјади речни делфини. Во 221 од тие групи барем еден припадник носел китка речна трева. Досега таквото однесување се толкувало како игра. За разлика од поранешните претпоставки, тоа однесување не се јавува кај женките, туку главно кај возрасните машки делфини. Ова упатува на заклучокот дека станува збор за навика што е дел од сексуалното однесување, велат Мартин и да Силва. Тврдењето е поддржано и од откритието дека судирите меѓу возрасните машки делфини во групите со “накитените“ делфини се 40 пати почести, отколку во групите со “ненакитени“ животни, тврдат истражувачите. Покрај тоа, првите резултати од генетските тестови на речните делфини упатуваат на тоа дека “накитените“ делфини имаат поголем број наследници од “ненакитените“ припадници на видот.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 8°C 1025mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 8°C 1026mb |  3 km/h |
| | Bitola: |  | 8°C 1025mb |  10 km/h |
| | Prilep: |  | 8°C 1025mb |  10 km/h |
| | Stip: |  | 8°C 1026mb |  3 km/h |
| | Gevgelia: |  | 12°C 1025mb |  10 km/h |
|
|