|
5.800 километри во секунда |
|
Празничната сезона на крајот на годината често е стресен период, посебно за Дедо Мраз, кој со своите ирваси мора да се движи со брзина од 5.800 километри во секунда за на време да ги донесе подароците на сите деца во светот, заклучува едно истражување.
“Од 24 до 25 декември, Дедо Мраз мора да помине 2,5 милијарди станици, ако се тргне од принципот дека подарок ќе добијат децата од сите вери“, вели Андерс Ларсон од шведската консултантска фирма Свеко, која го спроведе ова истражување. “Проценивме дека на секој квадратен километар има 48 жители и дека 20 метри делат една куќа од друга. Значи, ако Дедо Мраз тргне од Киргистан и патува спротивно од вртењето на Земјината кугла, има 48 часови да ги подели сите подароци“, објаснува Ларсон. Дедо Мраз, според традицијата, живее на Северен пол, а повеќе северни градови се спорат околу титулата на местото во кое е неговата официјална резиденција. Меѓутоа, според истражувањето на Свеко, Дедо Мраз токму со тргнувањето од Киргистан најбргу ќе ги раздели подароците и ќе изгуби најмалку време на патот. За влегување во оџак, оставање на подарокот и враќање на санката, Дедо Мраз има 34 секунди, заклучува оваа студија.
|