|
Дома
|
|
Nokia N81 |
|
Nokia N81 претстaвува нова генарација на паметен телефон, со Symbian оперативен систем и поседува голем број на мултимедијални можности за поголема забава и уживање. N81 како и неговиот претходник N80 ќа биде препознатлив по неговата уникатна форма и лизгачките можности.
Ќе биде опремен со 2,4” TFT дисплеј, 3G видео повици, Wi-Fi, 8GB меморија за складирање податоци, 2 мегапикселна камера, стерео звучници, дебелина од само 17,6mm и тежина од 140g, додадени неколку музички и играчки копчиња и конечно уникатен навигациски D-pad кој што преставува нешто несекојдневно, невидено кај мобилните телефони. Ќе бидат достапни два модела на N81, и тоа N81 опремен со мемориски слот за microSD картичка во чие пакување ќе доаѓаат 6 картички од 1GB и 2GB и Nokia N81 со 8GB интегрирана меморија. Навигациониот D-pad најверојатно е најинтересната функција кај овој уред. Тој функционира на принцип на допир и команди со прст. Со него можете да листате низ галериите со фотографии или низ другите мултимедијални содржини. Навистина е задоволство и уживање при користењето на оваа финкција, со оглед на тоа што е доста прецизно искалибриран и ја следи брзината на движење на вашиот прст за да прелистувањето и скролувањето на содржините се чувствува навистина лесно и природно. Целиот кориснички интерфејс и сите останати функции исто така се доста прегледни и одлично распоредени со што ракувањето на Nokia N81 е едноставно и прегледно, а функционалноста и брзината на уредот се одлични, како и ракувањето со мултимедијалните содржини (зумирање, прелистување, навигација и слично).
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 19°C 1016mb |  5 km/h |
| | Skopje: |  | 23°C 1013mb |  5 km/h |
| | Bitola: |  | 19°C 1016mb |  5 km/h |
| | Prilep: |  | 19°C 1016mb |  5 km/h |
| | Stip: |  | 23°C 1013mb |  5 km/h |
| | Gevgelia: |  | 26°C 1012mb |  8 km/h |
|
|