Сите мистерии околу дизајнот на новиот седан од високата класа на Hyundai, конечно се разоткриени. Концептот кој се појави претходната година најавуваше многу подобар дизајн.
Дизајнот не е толку храбар како тој на концептот и може да се каже дека е некоја мешавина на линиите видени кај Lexus, Infiniti и BMW. Автомобилот беше претставен на домашен терен во Кореа, а како новост кај Hyundai се и новите крила на предната маска, кои ќе бидат заштитен знак на луксузните модели од обој производител.
Во понудата ќе има три мотори. Два V6 едниот со 3.3, а другиот со 3.8 литри зафатнина. Подоцна ќе се понуди и V8 Tau мотор од 375 КС.Дизелски мотор не се планира, како ни хибриден модел. Според димензиите, на овој автомобил главни конкуренти ќе му бидат Mercedes S-Class, BMW 7, Audi A8 и Lexus LS, на кого според дизајнот најмногу потсетува. Според цената пак, која треба да изнесува околу 50.000 евра припаѓа на една класа подолу. Во поглед на платено-добиено, Genesis сигурно ќе биде најдобриот во класата, но тоа не мора да значи дека ќе успее. За успех на Европскиот пазар потребен е и дизел мотор, како и име со поголема историја.
|