Германецот Гинтер Ајхман (54) ќе мора да плати казна од 450 евра, а привремено му е одземена и инвалидската количка со која возел 60 километри на час, на место каде ограничувањето на брзината изнесува 30 километри.
Ајхман со својата инвалидска количка на електричен погон поминал покрај полициската патрола, која измерила дека возел со брзина од 61,3 километри на час. Полицајците го запреле, и, покрај тоа што е инвалид, му го одземале “возилото“ со кое го направил прекршокот, а подоцна од полициската станица соопштиле дека количката ќе му биде вратена веднаш откако ќе ја платил казната. Гинтер, по струка е електроинженер и на својата количка додал електричен мотор за да биде побрз. Очигледно во тоа малку претерал, а по налог на полицијата, ќе мора да го намали бројот на “кубиците на возилото“, за во иднина да не доаѓа во искушение со него да “пробива звучен ѕид“.
|