Сателитот на Земјата, Месечината, се создала при судир на тукушто оформената Земја со вселенски објект со големина на Марс, заклучиле американските научници од Универзитетот Калифорнија, врз основа на набљудување на вселената со инфрацрвени зраци.
Според нивната теорија, притоа во просторот околу нашата планета се исфрлени парчиња, од кои подоцна се формирала Месечината.
Американските научници, меѓутоа наведуваат дека создавање на сателит како резултат на судир на планетата со големи вселенски објекти е многу ретка појава во вселената.
Сателитите со големина на планета се најверојатно објекти, кои при поминувањето биле привлечени од гравитацијата или кои се формирани истовремено и од истиот материјал како и самите планети.
AP - A conservative opposition party won the most votes Lithuania's election, but strong support for populist groups set the stage for tricky coalition...