Испаничен шверцер на дрога оставил скоро шест килограми кокаин, вреден половина милион долари во тоалетот на авионот, на летот меѓу Лос Ангелес и Сиднеј, објавија во вторник австралиските цариници.
Дрогата, спакувана во дванаесет пакети е пронајдена во кантата за отпад во тоалетот на Боинг 747, по слетувањето на аеродромот во Сиднеј во неделата. “Се чини дека човекот кој имал намера да ја внесе дрогата, во еден миг го обземал страв“ соопшти царинската служба, објаснувајќи дека често се проверува и рачниот багаж на патниците. Пазарната вредност на дрогата се проценува на 580 илјади долари.
|