|

Извршниот директор на „Порше“ Венделин Видекинг, како што се проценува, минатата година заработил меѓу 60 и 70 милиони евра, со што стана еден од најплатените индустриски менаџери во светот.
Германскиот производител на спортски автомобили одби да ги објави платите на дел од вработените во компанијата, но инсајдер од „Порше“ минатата недела за „Фајненшл тајмс“ изјави, дека Видекинг учествува со повеќе од половината во сумата од 113 милиони евра, колку што беа вкупните примања на менаџментот на компанијата за минатата година. 
|