Најголемото шише за вино во светот, барем како што тврди неговиот сопственик, е изложено во ресторан во близина на Боденското езеро во Швајцарија. Шишето е високо 240 сантиметри, дијаметарот му е 68 санти метри и е тешко 630 килограми, изјави Лилијан Ебер од ресторанот „Зум Гупф“, каде што е изложено најголемото шише.
Шишето го нарачал сопственикот на ресторанот Миг Еберле. Тоа е произведено во Германија, во местото Вертеим ам Маин, а наполнета е со 480 литри вино. Сопствениците исто така изјавиле дека е покрената постапка за регистрирање на шишето во Гинисовата книга на рекорди. Досега рекордот го држело шише кое се наоѓа во Австралија, високо 195 центи метри, исполнето со 290 литри вино. Не се знае дали најголемото шише за вино е воедно и најголемото шише на светот, или некаде постои поголемо кое служи за други намери.
|