Џ.К Роулинг признава дека е можно некој ден да го напише и "Хари Потер 8", што во основа (за сите кои до сега не ја прочитале книгата) значи дека Хари не умира во последната книга.
Писателката одбила целосно да го отфрли враќањето на Потер, притоа изразувајќи стравување дека пишувањето на книга за тоа што се случило пред првиот дел од Хари Потер, би можело да има негативен удар, како што тоа беше со снимањето на првите три дела од "Војна на ѕвездите". "Зарем тоа (пред-приказна) не наликува малку на Војна на Ѕвездите Епизода 1? Нема да речам никогаш, бидејќи никогаш во мојот живот влијае исто како што црвената боја влијае на бик и секогаш одма сакам да го направам она за што сум рекла никогаш," изјавила Роулинг.
Хари Потер е најпродаваниот серијал на книги во историјата со вкупно продадени 325 милиони примероци низ целиот свет. До сега се снимени 5 филмови за него а уште два се најавени за 2008-ма и 2010-та. Брендот под кој се лиценцирани над 400 Хари Потер производи се смета дека вреди околу 2,8 милијарди евра а според одредени проценки, тоа ја направило неговата авторка побогата и од англиската кралица.
|