|
За да можете во секојдневната исхрана да го избегнете влијанието на одредени штетни адитиви, стручњаците предупредуваат дека адитивите мора да се внесуваат во организмот само во ограничени количини, а најдобро е предност да им се даде на природните намирници, кои треба да бидат темел на исхраната.
„Конзервираната храна и производите со продолжен рок на траење или, пак, производите за кои знаеме дека содржат потенцијално штетни вештачки бои, конзерванси и појачувачи на вкусот, треба да се избегнуваат или ретко да се консумираат, посебно кога станува збор за деца“, наведува доктор Дарио Вранешиќ Бендер. При купување на храна корисно е да ги читате декларациите на производите и да ги одберете оние кои содржат природни ароми, бои и конзерванси. Некои адитиви се од природно потекло како витамините, влакната, ензимите, природните бои и ароми, додека други се синтетизирани хемиски споеви. Научниците од Универзитетот во Саутемптон направиле истражување во кое учествувале 153 деца на три годишна возраст и 144 на возраст од осум и девет години, на кои им биле давани сокови со различни мешавини на адитиви. Резултатите покажале дека кај три годишните деца симптомите на хиперактивност се предизвикани само од една мешавина на адитиви, а кај поголемиот дел од децата и од двете мешавини. Истражувањето довело до издавање на нови препораки за одредени синтетички адитиви со напомена дека отстранувањето на боите со адитиви во прехраната на децата може да биде корисна за хиперактивните деца.
|