|
Во Белград од неодамна е отворен Клуб на смеата, во кој членството е бесплатно, а членовите се состануваат еднаш неделно со цел во тој изминат еден час постојано да се смеат.
Основачот на клубот, психологот Јово Мичиќ вели дека луѓето денес се помалку се смеат, а само мал број имаат идеја како да се внесе смеењето во секојдневниот живот. Тој наведува дека пресуден е контактот во погледот со другите членови на групата, затоа што смеењето е многу заразно. „Смеењето без причина делува изненадувачко добро и трае многу подолго отколку смеењето што е предизвикано од виц или хумор, а и ефектите се појаки“, додава Мичиќ. Секој кој сака да стане член на Клубот на смеата во Белград може да го посети сајтот www.smeh.org.yu.
|