Наместо очекуваното богатство, законските наследници на тенорот Лучијано Павароти, наследиле голем долг од 18 милиони евра, пишува италијанскиот дневник La Repubblica.
За време на ревизијата на финансиите на пејачката ѕвезда откриен е долг од 11 милиони евра, на што се додава позајмување на пари во висина од 7 милиони евра, пишува дневникот. "Неговите долгови биле јавна тајна," изјавил Giorgio Bernini, адвокат на втората сопруга на Павароти, кој напоменал дека тенорот во последните неколку години морал да ги намалува настапите поради неговата болест, а долготрајното хоспитализирање во САД било многу скапо. Според италијанските медиуми имотите на Павароти биле проценети на сума од 30 до 200 милиони долари. Тенорот починал на рак на грлото, на 71 година во неговиот роден град Модена.
|