Кај еден германски крадец се разбудила совеста – тој го вратил украдениот автомобил откако на задното седиште пронашол едномесечно бебе како спие.
“Мајката отишла во солариум, а таткото ’скокнал’ до банкоматот и клучевите ги оставил во брава. Кога се вратил, автомобилот веќе го немало“, изјавил портпаролот на полицијата во Ахен. Од полицијата помислиле дека станува збор за киднапирање, поради што во потерата вклучиле и хеликоптери. За среќа, возилото било пронајдено по еден час, недалеку од местото на кражбата. Бебето се уште спиело на задното седиште. “Претпоставуваме дека крадецот го вратил автомобилот поради бебето, кое пак, воопшто и не се разбудило“, додава портпаролот на полицијата.
|