Еден продавач на лото ливчиња во Кина е осуден на доживотен затвор поради злоупотреба на системска грешка, благодарение на која од продажбата на ливчиња “на црно“, заработил 29 милиони јуани (околу 250 илјади евра).
Жао Ликвун (30) пред 2,5 години открил грешка во системот на Добротворната лотарија, што овозможувала ливчето со добитни броеви да се купи пет минути по извлекувањето, изјавиле од обвинителството во кинеската провинција Хеилонгџијанг. Жао имал три продавници за лото ливчиња и останати игри на среќа, а добитни среќки купил многу пати. “За да не биде сомнително, тој не ги подигал парите, туку испраќал соседи или пријатели, а за таа услуга ги честел со одреден износ„, додаваат од обвинителството. Измамата била откриена откако на некој му станало сомнително што од трите продавници што ги држи Жао има толку многу добитници, по што измамникот е изведен пред суд. Казната била доживотен затвор, но и целиот имот конфискуван.
|