Магазинот за мажи Maxim деновиве посветил внимание на последните дами од листата на Нај-Секси жени, бирајќи Нај-не-секси жена во светот. Во продолжени следува ТОП 5 листата на Нај Не-Секси жени во светот ...
На петто место се пласирала Бритни Спирс. Во образложението се вели дека губењето на способностите за настап, двата поранешни сопрузи, двете деца и зголемената телесна тежина се факторите што најмногу придонеле Бритни да се најде на оваа листа. На четвртото место е Мадона, која и покрај целиот отпор што го пружа, старее неповратно и лошо – до таа мера што уредниците на Максим ја споредуваат со Вилијам Дефо. На трето е (за нас барем) релативно непознатата актерка Сандра Ох од серијата Grey’s Anatomy. Втора е Ејми Вајнхаус, „со својата раскрварена проѕирна кожа, коса како гнездо на стаорци и трепки како хируршки имплантирани лилјаци“.
А овогодишниот лауреат е – Сара Џесика Паркер. Од Максим не можат да се изначудат како некоја што е до толку не-секси успеала да настапува во хит-серија што го содржи зборот „секс“ во името и воедно порачуваат дека ако изборот е Кери Бредшо, попрво би му се качиле на Мистер Биг.
|