|
Дома
|
|
Зарем е можно |
|
Деде, маж од Индонезија, пати од ретка болест која предизвикува раст на чудни израстоци на телото, слични на дрво. Деде е прекриен со брадавици и бара помош од американските лекари, бидејќи досега во Индонезија никој не можел да му помогне.
На работа добил отказ, жената го напуштила, соседите го избегнуваат. Според Деде, "човекот-дрво", како што го нарекуваат медиумите, околината се однесува како да е чудовиште поради необичните израстоци кои се појавиле главно на неговите нозе и раце. Деде почнал да ги забележува брадавиците како тинејџер, и тоа по мала повреда на коленото. Најпрвин само ме чешаше. Некои брадавици се појавија на моите стапала. Ги занемарив, но на телото продолжија да ми се шират овие чудни израстоци, изјавил Деде. Спрема медицинските извештаи, др.Гаспари ја тестирал крвта на Деде и дошол до сознание дека таа содржи одредена инфекција која е причинител за израстоците. Но, Гаспари верува дека состојбата на човекот-дрво може битно да се подобри доколку тој започне со примање дневни дози синтетички лекови со витаминот А, кој го стопира растот на брадавици во сериозни инфекциски заболувања, како кај Деде.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 19°C 1014mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | 25°C 1012mb |  3 km/h |
| | Bitola: |  | 24°C 937mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 24°C 937mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 25°C 1012mb |  3 km/h |
| | Gevgelia: |  | 23°C 1014mb |  21 km/h |
|
|