|
Дома
|
|
Војна во Wikipedia |
|
Позади најпознатата онлајн енциклопедија Википедија, овие денови се случува вистинска војна помеѓу администраторите. Војната се води околу тоа што може, а што не може да влезе во Википедија.
Имено, некогаш страниците на Википедија секојдневно биле преплавени од текстови на автори од разни делови на светот, а денес приливот на текстови е крајно успорен. Причината е негативната енергија која се појавила во Википедија - едната страна ја подржува идеата дека се и сешто може да влезе во Википедија додека другите сакаат само селектирани податоци.
Едната страна смета дека секој податок, колку и да е небитен, мора да биде впишан во Википедија, односно доколку нешто го интересира барем еден човек на светот, е сосема доволна причина за податокот да се појави во енциклопедијата.
Од друга страна таканаречените "бришачи" кои се малку повеќе од овие првите, инсистираат на веродостојноста на податоците и нивната важност. Тие се против тоа да Википедија стане неквалитетен извор на информации.
Војната започнала кога неколку автори на енциклопедијата бришеле поими кои биле објаснети со само една реченица, а еден од првите поими кој исчезнал од Википедија бил и податокот на Jimmy Wales (основачот на Википедија), кој содржел една реченица, а станувало збор за некој ресторан во Cape Town. Податокот бил избришан само 22 минути откако бил објавен. 
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 26°C 1011mb |  8 km/h |
| | Bitola: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 26°C 1011mb |  8 km/h |
| | Gevgelia: |  | 27°C 1010mb |  calm km/h |
|
|